Страшна сцена е снимена денес на паркингот на населба во Смедерево, откако дрво паднало и згмечило возило!
Како што пишува 192.rs, за среќа во овој инцидент нема повредени, но е причинета значителна материјална штета на возилото.
На сликата од местото на настанот, можете да видите дека дрвото паднало врз автомобилот „југо“ по целата должина и практично го уништило.
Сè уште не е познато што предизвикало паѓање на дрвото.
