Викторија Сребренова, една од преживеаните во трагедијата во Кочани сподели емотивен статус со видео посветен за нејзината другарка Сања Христова:
-Денес би бил твојот роденден… прв без тебе. Лани го славевме заедно, се смееевме и се радувавме, а сега твоето место е празно и ми недостасуваш неизмерно.
Секој спомен со тебе е сеуште жив, твојата насмевка, твојата топлина, твојата добрина.
Среќен роденден Сањичка моја… иако не си тука, твојот дух е со мене секој ден. Благодарна сум за секој момент кој го споделивме и ќе те носам со себе засекогаш!! Те сакам, стои во објавата со видеото кое може да го погледнете тука.
