Охриѓанец си направил сам воз и вршел превоз без никаквка лиценца

0
83

Охриѓани пронашле начин како да дојдат до приход, па идејата ја преточиле во реалнос, но безаконски, како што вели МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за овој настан велат:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ј.(68) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 20.08.2025 во Охрид, полициски службеници го затекнале внукот на пријавениот, кој по дозвола и насоки дадени од пријавениот, со импровизирано превозно средство „воз“ вршел јавен превоз без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз и без документација за возилото.