Цела Македонија го бараше – на крај за жал фатален исход со 28 годишното момче

0
181

Случајот со исчезнувањето на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, по кого семејството и полицијата трагаа неколку месеци, доби тажна завршница.

Ова го објави неговата сестра Марија денеска која сподели дека Миле е пронајден починат.

Во својата објава, таа со трепетни зборови се прости од братот, наведувајќи дека семејството ќе живее со непроценлива болка и празнина.

„Летај со ангелите, мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болката е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој“, напиша Марија.

Погребот ќе се одржи на 5 декември (петок), во периодот од 12 до 13 часот.