Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков зборуваше денес пред судница. Таа како родител на дете чиј живот згасна во Пулс кажа:
„Шеесет и три убиени деца. 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се наоѓаат во судницата“, изјави Златкова.
Никој од нив немаше грам човечност и совеснос да ја признае вината. Ни монструмот, ни син му, ни брат му. А сите ние знаеме кој е виновен и се надевам ќе ја добиеме правдата за нашите деца. Тоа се млади убиени 63 деца, тоа не е само бројка.
На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки.
