Министерството за внатрешни работи, МВР излезе со информација до јавноста во која вели:
На 05.12.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Б. Ј. (1989) од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по чл.394-г од КЗ.
Имено, пријавениот на 18.11.2025 во 22.48 часот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кој промовирал и поттикнувал насилство кон Д.Ј. од Кочани.
Како што дознаваме станува, кривичната е за повредено лице од пожарот во Пулс кое било и хоспитализрано. А заканата упатена кон Дејан Јованов, односно газда Деко.