Во Брвеница гласале 3.331 избирач до 13 часот, излезноста повисока од лани

0
5

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 13 часот гласале 3.331 избирач, што претставува излезност од 20,50 отсто, информира Државната изборна комисија.

Податоците се од 24 избирачки места, а според ДИК, излезноста е нешто повисока во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година. Разликата изнесува 1,48 процентни поени.

„Според пресекот направен во 13 часот и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, вкупниот број гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 3.331, или 20,50 отсто“, информираат од Комисијата.

Во текот на гласањето, до 13 часот до ДИК биле доставени и шест приговори поврзани со заштитата на избирачкото право. Од нив, три биле прифатени, додека останатите три биле одбиени како неосновани.

Нов пресек на излезноста и информации за текот на гласањето Државната изборна комисија ќе соопшти на прес-конференција закажана за 15:30 часот во седиштето на Комисијата.