Каиро најави поддршка за Саудиска Арабија по нападите на Хутите

0
4

Египет е подготвен да преземе секакви неопходни чекори за одбрана на Саудиска Арабија доколку Ријад официјално побара помош, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во време кога безбедносната состојба во регионот повторно се влошува.

Пораката на Ел-Сиси доаѓа по засилените напади на јеменските бунтовници Хути врз саудиска територија и непосредно пред вонредната седница на египетскиот парламент, која е закажана за утре.

Според информациите што ги пренесува Ројтерс, египетскиот претседател истакнал дека Каиро нема да дозволи да биде доведена во прашање безбедноста и стабилноста на Саудиска Арабија и нагласил дека Египет ќе постапува во согласност со барањата на саудиското раководство.

Тој посочил дека секоја евентуална одлука за ангажман ќе биде координирана со саудискиот крал Салман и престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Во меѓувреме, двајцата саудиски лидери на 15 септември престојуваа во Египет, каде што со египетското раководство разговараа за безбедносната состојба по обновувањето на жестоките судири во Јемен.

На средбите, како што се наведува, посебен акцент бил ставен на зачувувањето на регионалната стабилност, безбедноста на Блискиот Исток и заштитата на поморските патишта во Црвеното Море.

Со оваа изјава Египет испраќа силен сигнал дека останува цврст сојузник на Саудиска Арабија во услови на растечки безбедносни закани во регионот.