Познатиот надрилекар Мирољуб Петровиќ често ја шокира јавноста со своите ставови, а овој пат отиде чекор понатаму коментирајќи го Тошет Проески.
Иако смртта на најпопуларниот македонски пејач сè уште се смета за една од најголемите трагедии што ја потресоа поп-музиката, Мирољуб си дозволи да коментира, додавајќи дека ќе останел жив доколку „пеел за стара Македонија и Илирите“.
„Тоше Проески е човек кој се занимаваше со некои проблематични работи. Беше добар човек, со голем потенцијал“, рече Петровиќ, на што водителот со шок изјави дека никогаш порано не слушнал за нешто вакво.
„Пееше песни за жени, љубов, заљубување… Погледнете ги неговите песни, дали ѝ пееше на жена си или на некои девојки со кои излегуваше? Не се залажувајте, огромен потенцијал, но неискористен. Да го користеше својот глас за да пее песни за Македонија и Илирите, мислам дека ќе беше жив денес. Пееше во клубови, знаете ли кој се собира таму? Алкохол, мини здолништа, дрога… Не користеше дрога, од него се гледа дека бил во форма и дека бил стегнат, но не ми кажувајте дека не се дружел со миничите и ова и она…“ рече Мирољуб во подкастот „Лазаров“.
„Тоше беше многу побожен човек, беше вистински промотор на Македонија, никогаш не припаѓаше на ниедна политичка партија. Што се однесува до песните, сосема спротивното“, го бранеше водителот покојниот пејач.
