Ајде заедно да се избориме за промена, заедно да се бориме за нашиот дом, порача Димитријевиќ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ упати голема критика кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека е потребна заедничка борба за промена, за нашиот дом.

За една и пол година исплива целата неспособност на ВМРО ДПМНЕ. Цените дивеат а наместо да растат платите се намалуваат.

Една и пол година ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна власт и покажаа на дело дека апсолутната власт апсолутно корумпира.

Затоа, ние СДСМ денеска пружаме рака кон граѓаните кои сакаат и заслужуваат промена на подобро.

Имаме чесна понуда на кандидати за градоначалници и советници кои се подготвени да работат за доброто на сите.

Ајде заедно да се избориме за промена, заедно да се бориме за нашиот дом.