Александар Саша Димитријевиќ: Знам и верувам победата во Ресен ќе биде убедлива

Вечерва, до доцна, заедно со моите сопартијци, другари и другарки, повторно од терен мобилизирани, мотивирани и со јасна цел пред нас.

Се координираме со нашето членство, со секој активист и секоја месна организација, затоа што следните денови од кампањата се клучни.

Сакаме да стигнеме до секое семејство, до секоја куќа, до секој еден човек лице в лице, со чесност и искреност.

Знам и верувам победата во Ресен ќе биде убедлива!

Гарантирам дека Бузле ќе биде еден од најуспешните идни градоначалници!