Црногорската полиција уапси Македонец – па откри каков „пепел“ правел нашиот граѓанин

0
119

Криминалистичката полиција на Црна Гора уапси еден државјанин на Србија и еден од Македонија осомничени за 13 тешки кражби, беше објавено денес.

Според пријавите од граѓаните, идентификуван и уапсен по наредба на обвинителот во Основното државно обвинителство во Подгорица се Е.Х.(46) државјанин на Србија и Б.С. (39) државјанин на Македонија.

Тие се осомничени за кражба на пари од граѓани, од деловни објекти, аптека и фризерски салон во Подгорица.

Полицијата изврши претрес во просториите што ги користел Б.С. во Тузи и пронајде мала количина марихуана, фалсификувана лична карта и возачка дозвола наводно издадена во Хрватска под друго име.

Б.С. е лишен од слобода по наредба на обвинителот поради сомнение дека сторил шест кривични дела тешка кражба.