Како што е познато пред неколку дена почина Шпат Касапи, познат пејач од Тетово, син на поранешната претеничка на СДСМ Ѓулумсер Касапи.
Тој, според пишувањата на медиумите, во Италија доживеал срцев удар.
Шпат Касапи беше едно од најомилените имиња на албанската музичка сцена. Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.
Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите, благодарение на модерниот стил, лесните мелодии и сценската енергија.
Тој денес беше испратен во вечното почивалише со река од луѓе, многу солзи и така. Видеото од неговиот погреб може да погледнете тука.
