ЦУК алармираше: Во тек голема спасувачка акција – се трага по две странски државјанки

0
58

Центарот за управување со кризи (ЦУК) пред малку ја информираше јавноста:

Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен

Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.

ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.

Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот.