Македонец загина во страшна несреќа во Италија – познати првите детали што се случило

0
243

Денес згасна животот на македонски граѓанин во Италија во страшна несреаќ.

На периферијата во Равена, Италија, во близина на каменолом се случила несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.

Жртвата е од Македонија, која живеела во Луго.

Двата камиона се движеле во спротивни насоки, едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога се случил сериозниот судир.

– Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја, објавуваат италијанските медиуми.

Администрацијата на општината Луго изразува сочувство до семејството на Месут: неговата сопруга, двете деца и внуците.

„Добро познат во заедницата Волтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дошол во Италија пред околу 20 години да работи. И тој отсекогаш го правел тоа, со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.

„Макс и неговата сопруга се добро познати и почитувани низ цела Волтана, каде што решиле трајно да се населат по краток престој во Равена. Нивната работа им овозможила на двете нивни деца да дипломираат и да купат куќа.