Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ заедно со претседателот на партијата Венко Филипче и аменик претседателката Фани Каранфиловска-Пановска оддадоа почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на првиот премиер Никола Кљусев. Воедно упатувајќи и честитки за празникот 8-ми септевмри, денот на Независноста на Македонија
-Денес на Денот на независноста на Македонија, заедно со Претседателот Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфиловска-Пановска, оддадовме почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на првиот премиер Никола Кљусев.
Да ја чуваме нивната оставнина и да ја градиме Македонија посилна и поправедна.
Да живее Македонија, напиша Саша Димитријевиќ.