(ФОТО) Македонците отидоа во хумана акција кај Албанија, па тамо доживеаа голема несреќа – познато низ каква голгота минале

Од Патриотско друштво се огласија денес и споделија една непријатна случка која ја доживеала во соседна Албанија:

Овој викенд бевме во Корча со чиста намера и големо срце.Заедно со Васил Стерјоски, најгласниот борец за македонските човекови права во Албанија и поранешен пратеник во албанското собрание, направивме донација од 50.000 денари поделивме над 100 новогодишни пакетчиња и 30 маици Македонија за Македонците во Корча, Голо Брдо и Пустец. Средбата со нашите луѓе, разговорите и прегратките ни ја наполнија душата и сè помина одлично.

Но патот назад ни донесе тежок момент. Во кривина ни улета кола, нè удрија и избегаа од местото. Табличките ги извадија, колата ја фрлија во дол, еден побегна по планина, другиот со возило. Беа 🇦🇱 со 🇬🇷 таблички. Штетата на мојата кола е околу 2.500 евра.

Не го пишувам ова за жалење.Кога работиш со срце, понекогаш плаќаш со свое.Најважното е што Господ нè сочува. Ќе запалиме свеќа во црква и ќе Му се заблагодариме што сè заврши како што треба.

Добрината не се плаши.Ние продолжуваме со вера, со срце и со исправени луѓе.

Повеќе фотки од несреќата тука.