Еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов, репрезентативниот голман, Столе Димитриевски по репрезентативните обврски се врати во Шпанија.
Уште на аеродромот беше дочекан на „нож“ од новинарите, а потоа имал и разговор со тренерот Карлос Корберан.
Според тамошните медиуми и зборовите на Корберан, Столе се извнил за дадените изјави во гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров.
„Имавме разговор и во него Димитриевсски побара прошка затоа што неговите изјави беа погрешни и неточни. Во Валенија никој не игра поради неговиот договор. Свесен е за неговата постапка и побара прошка во соблекувалната и стручниот штаб, со тоа таа тема е затворена“, изјави Корберан.
Сепак, македонскиот голман ќе биде и финансиски казнет со износ кој засега не се открива.
За потсетување, актуелниот голман на Валенсија и Македонија во гостувњето кај нашиот познат јутјубер Лазаров кажа:
„Сезонава пристигна втор голман со опција во договорот што треба да одигра одреден број натпревар, ако не игра клубот, ќе плати казна. Минатото лето имаше опции да заминам, но Валенсија не ме пушти. Се појавија клубови од четири големи лиги, како и од Турција и Саудиска Арабија, јас бев подготвен да заминам, но останав“.