Македонскиот фудбалски првак Шкендија остана без победа во 100. минута на вечерашниот меч против Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА.
Клубот од Тетово водеше со 1-0 се до длабоко во судиското продолжение кога Лозано со атрактивен погодок го спаси полскиот тим од пораз (1-1).
Избраниците на Јетон Беќири имаат за што да жалат затоа што беа на чекор до втор триумф во оваа конкуренција, меѓутоа фудбалот се игра до последниот судиски свиреж. „Црвено-црните“ се стекнаа со предност во 49 минута кога Љатифи погоди со глава.
Во следното коло Шкендија ќе и гостува на Дрита која вечерва славеше над Шелбурн со 1-0.