Македонија ја очекуваат едни од најинтересните и најнеизвесни локални избори, а сето тоа го потврдува и фактот што има најмногу кандидати за градоначалници и најмногу советнички листи.
Крајно интересно се очекува да биде и во Општина Карбинци, каде за прв пат во историјата на оваа општина, кандидат за градоначалник ќе биде и жена, што дополнително ја прави трката неизвесна и непредвидлива.
Во минатото, градоначалници на Општина Карбинци биле Борис Гаврилов, Васил Богдански, Зоран Минов, Јордан Насев и актуелниот Виктор Паунов.
Но, дали е време за прв пат кормилото на општината да го преземе жена?
Љубица Соколовска е кандидатка за градоначалник од редовите на СДСМ, а интересно е што истата има голема поддршка од широка маса на луѓе, пред се граѓани кои не се поврзуваат со партии, поради што и Соколовска е во предност за добивање на градоначалничкиот мандат.
Противкандидат на Соколовска ќе биде актуелниот градоначалник Виктор Паунов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од лицата со кои разговараше нашата редакција, добивме информација дека Паунов не ги исполнил дел од неговите најважни ветувања, поради што се песимисти и не веруваат дека Карбинчани повторно би му ја дале довербата.
-Виктор Паунов како човек е во ред, но она што ни беше важно на нас, не го реализираше, тоа што го вети, остана неисполнето. Време е жена да ја преземе општината, знаеме дека така ќе се работи домакински и ќе има бенефит за сите. Таа е жена која никогаш не прави поделби и токму затоа сум убедена дека Карбинчани ќе гласаат за неа, ни истакна Сузана од Карбинци.
И дел од опкружувањето на Сузана го делеше нејзиното размислување.
Изборите се за околу еден месец, а дали за прв пат жена ќе биде градоначалник на Карбинци, останува да видиме.