Кина планира да ископа канал низ Балканот, кој би го поврзал Егејското Море – преку реките Морава и Вардар – со Дунав, со што би се скратило растојанието за транспорт на кинески стоки за речиси 1.000 километри. Сепак, проектот се соочува со неколку предизвици, а клучен е потребата од соработка на Србија, Косово, Македонија и Грција. Исто така, Турција се спротивставува на оваа идеја, бидејќи со завршувањето на каналот, повеќето бродови би престанале да ги користат турските теснеци.
Кина предложи голем проект пред неколку години како дел од иницијативата „Еден појас, еден пат“ вредна 3 трилиони долари. Планот е да се изгради систем на канали што би го поврзал Егејското Море (преку грчкото пристаниште Солун) со Дунав, следејќи го текот на реките Вардар и Морава.
Ова би создало клучен европски воден пат што би ги скратил патиштата од Азија со заобиколување на турските теснеци. Сепак, ова би барало обемни инженерски работи и огромно финансирање (околу 17 милијарди долари), со студии за изводливост во тек и преговори со Србија, Косово, Македонија и Грција.
Рута: Каналот би ја поврзал реката Дунав (Централна Европа) со Медитеранот, односно Егејското Море во близина на Солун, користејќи ја реката Морава во Србија и реката Вардар/Аксиос во Македонија и Грција.
Идејата за поврзување на Медитеранот со Дунав датира од 1840-тите, пишува N1 БиХ. Како би изгледало ова, може да погледнете на видеото тука.