Една од најдобрите македонски групи на сите врмиња, ДНК знаеме како заврши за жал, но нивните хитови и понатаму ќе се слушаат.
Речиси еден месец по трагедијата, тогаш Раде Врчаковски Врчак се огласи на социјалните мрежи каде кажа:
Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов.
Се чини дојде тој ден откако Врчак најави кога ќе биде новиот негов албум на кој се и две песни дует со ДНК.
-Новиот албум треба да биде готов и пуштен на 1. декември, евентуално нешто ако се случи до 15 декември.Тој е македонски албум и има две песни со ДНК, снимени пред да загинат, изјави за Јингал ТВ
