Во новата епизода на Нешто Конкретно, три жени првпат јавно зборуваат за товарот што општеството им го ставило на грбот, само затоа што не живееле според готов рецепт- темата беше Предрасуди а гостинките си ја отворија душата:
Сузана Турунџиева открива детали за врската со својот 10 години помлад партнер Александар Маленко и шокот кога сфатила дека ќе го носи нејзиното презиме. Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече-Јас ќе го земам нејзиното!
Таа признава дека имало моменти кога сакала да го правда зошто не бил присутен во животот на нејзината прва ќерка за да подоцна сфати дека тоа било сосема погрешно. -Таткото нa Лара беше приклучи исклучи во нејзиниот живот…
Сузана ја отвори темата и за нејзиниот починат сопруг но и за предрасудите од нејзиното семејство за изгледот и одбирањето на професија
Миа Костова раскажува дека татко ѝ девет месеци не ѝ зборувал, само затоа што решила да роди дете без зет и без свадба. „Не згрешив што станав мајка, впрочем тоа е најдобрата одлика која сум ја донела. А татко ми прв дојде да ме види кога се породив вели таа.
Миа си ја отвори и душата за тоа дека одредени луѓе избегнувале да седат до неа на настани баш заради однапред оформена слика-Е на таа што ме избегнуваше денес сум и кума
Фризерката Васка Леонтиќ ја отвора најболната тема – мајчинството преку донор и детските прашања кои сечат подлабоко од нож: „Зошто јас немам татко?“ Нејзината ќерка плачела секој ден во градинка затоа што немало кој да ја носи „на ушка“ како другите деца.Беше навистина тешко да се објасни и преброди..
Васка признава дека и неа ја осудувале поради изгледот: „Црвена коса? Значи к*рва.“ – така ѝ велеле.А и Татко и бил строг па две години само формално зборувал со неа
Снеже Велков пак авторка и водителка на емисијата, открива дека била директно предупредена и останала без проектот на кој работела „Бидејќи си мажена и имаш деца – веќе не си за на телевизија.-и рекле
Целата емисија е достапна тука.
