Мицкоски само што се огласи за првпат по труењето на синот: Откри во каква состојба е

0
1187

Премиерот Христијан Мицкоски денес за првпат се огласи лично по тровањето на синот и притоа кажа:

Да, Антони беше дел од таа група на дечиња на кои што им се случи тоа труење. Имаше некои медиуми дека бил во тешка состојба и дека бил хоспитализиран, но сакам да демантирам. Всушност беше во состојба какви што беа и сите други дечиња.

И тој беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузии, не одеше во училиште. Он е храбро, пргаво и динамично момче, сака да се дружи.

мицПретпоставувам во жарот на тоа дружење биле на ручек со оглед на тоа што е на целодневна настава. Конзумирале иста храна. Оставам на институциите да испитаа да кажат дали е од храна или нешто друго. Јас знам ги прават тие неопходни испитува.

Кога ме прашавте веќе да ви одговорам, еве денес е подобар и да се надевам дека од понеденил со неговите другарчиња ќе се вратат на нормалните активности во училиште