Во Македонија остана уште една тешка сезона на шумски пожари кои предизвикаа големи штети. Првиот синоним за пожарите кога станува збор за политичарите е Стојанче Ангелов.
Тој годинава направи трансфер од ЦУК во ДЗС, а новина беше тоа што во пожарите ба користени „оспоруваните“ пренаменети воени во противпожарни возила.
Ангелов беше гостин на Канал 77 во емисијата „Вистина или Не“ со Миро Кацаров каде се одговара на прашања со детектор за лаги.
Токму во ова гостување првиот човек на ДЗС си ја отвори душата и за првпат сподели немил настан летово.
„На пожарот во Јажинце искрено мислев дека нема да се извлечеме живи јас и Спире еден храбар специјалец од ЕБР. Ние можевме да се извлечеме, но БТР-от требаше да го напуштиме. Тој беше поставен на позиција каде горе борови, а јас лично бев на водениот топ горе. Јас не можам да гледам и многу често се качував на водните топови. Но не објавував слики да не речат терам пиар.
Во одреден момент кога сменивме позиција, дадов наредба, до оние кои можев да ги командам, да се повлечат. Па така останавме само јас со полицаецот со БТР-от чија пумпа во еден момент откажа. Огнот не заобиколи од сите страни. Спире предложи да одиме кон едно изгорено место, но видов чадот како оди, па ако тргневме натаму мислам ќе се загушевме и загинеме.
Се извлековме со БТР-от низ оган, а потоа утрврдивме дека додека сме се движеле со него низ оганот, низ трња, низ гранки, се скинало цревцето за довод на бензин во моторчето за вода, и позади нас течело тенок млаз бензин. Како не сме се запалиле, сме имале среќа.
Целото видео може да го погледнете тука.
