Се поизвесно е дека најдобрата фудбалската репрезентација на Македонија ќе има нов селектор во баражот за Светското првенство кое ќе се игра во 2026 година.
Договорот на актуелниот селектор Благоја Милевски кој завршува со голема веројатно нема да биде продолжен, односно нема да има нов договор.
За потсетување,Благоја Милевски ја презеде Македонија во 2021 година, кога на тренерското столче го наследи Игор Ангеловски.
Во исто време веќе започнаа да се спомнуваат имиња како можен наследник на Милевски.
Но едно предничи помеѓу сите, а се погласни се најавите дека нов селектор на Македонија може да биде актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски.