Рускиот претседател Владимир Путин објави дека го завршил својот редовен годишен систематски преглед и, според него, резултатите биле одлични. Лекарските прегледи траеле два дена и вклучувале ноќевање во клиниката.
– Јас само што го направив мојот годишен преглед; ми требаа речиси два дена, вклучувајќи ноќевање во клиниката. Пристигнав попладне и си заминав следниот ден. Фала му на Бога, сè е во ред – рече Путин за време на обиколката на изложбата посветена на улогата на вештачката интелигенција во решавањето на секојдневните проблеми.
По целосната дијагноза, медицинскиот тим потврди дека неговото здравје е одлично и дека нема абнормалности што би предизвикале загриженост. Путин додаде дека ги смета редовните прегледи за клучен дел од личната и професионалната одговорност.
Претседателот на Руската Федерација е законски должен да помине низ целосен медицински преглед двапати годишно, што е практика што ја разликува Русија од голем број други земји каде што таква обврска не постои. Овој протокол е воведен со цел да се обезбеди транспарентност на здравјето на шефот на државата и континуитет во водењето на државните работи.
Иако деталите од извештајот не се објавуваат во целост, руски извори нагласуваат дека овие прегледи се спроведуваат според највисоките медицински стандарди. Путин, кој со години ја нагласува важноста на спортот и активниот начин на живот, постојано остава впечаток на лидер кој посветува големо внимание на здравјето, но нагласи дека би сакал „таков преглед да се направи за една минута“.
