На 6 месеци од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката “Пулс” во кој животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени се организира мирен собир на плоштадот во Скопје.
Повеќе студентски движења организираат мирен собир во 20:16 часот на плоштадот Македонија во вторник кога навршуваат точно шест месеци од трагедијата.