Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП 500 турнирот во Базел, кој ќе се одржи од 26 октомври до 1 ноември, откако доби вајлд-карта од организаторите. За српскиот тенисер ова ќе биде прв настап на турнирот во родниот град на Роџер Федерер по пауза од 15 години.
Ѓоковиќ ќе се обиде да освои вредни АТП-поени во борбата за пласман на завршниот Мастерс турнир, на кој настапуваат осумте најдобри тенисери во сезоната.
Освен резултатскиот мотив, турнирот во Базел ќе има и емотивно значење за српскиот ас. Таму ќе настапи и неговиот долгогодишен пријател и ривал Стен Вавринка, кому ова ќе му биде последен турнир во професионалната кариера.
Ѓоковиќ има убави спомени од Базел. Во 2009 година ја освои титулата, откако во финалето го совлада домашниот миленик Роџер Федерер.
На турнирот ќе настапат и неколку врвни светски тенисери, меѓу кои Бен Шелтон, Феликс Оже-Алиасим, Тејлор Фриц, како и актуелниот шампион Жоао Фонсека, кој ќе ја брани титулата освоена минатата година.
