Шампионот не запира: МЗТ Скопје со три победи во три кола

0
2

Актуелниот шампион МЗТ Скопје продолжува со перфектниот старт во новата сезона од македонската кошаркарска лига. Во дербито од 3. коло, одиграно во спортскиот центар „Јане Сандански“, скопскиот тим славеше над ТФТ со 70:66.

Со оваа победа, МЗТ Скопје го задржа максималниот ефект од три победи во три натпревари, додека за ТФТ ова беше втор пораз во првенството.

Домашниот состав одлично го отвори натпреварот и уште во првата четвртина создаде двоцифрена предност, која ја доби со десет поени разлика. ТФТ возврати во втората четвртина, која ја доби со два поени разлика, па на полувремето остана во игра за позитивен резултат.

Во второто полувреме се водеше неизвесна и рамноправна борба. Гостите постепено ја намалуваа негативата, а на нешто повеќе од две минути до крајот заостануваа само пет поени. Драмата кулминираше на минута и пол пред крајот, кога резултатот беше 67:64 во корист на МЗТ Скопје.

Сепак, во завршницата шампионот одигра сигурно, ги искористи своите шанси и ја зачува предноста за конечна победа од 70:66.

Најефикасен во победничкиот состав беше Николиќ со 15 поени, додека кај ТФТ најдобар стрелец беше Сила, кој натпреварот го заврши со 19 поени.