Новата година ни носи најава за мега трансфер.
Имено македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел повторно да заигра во Евролигата, тврдат вечерва бројни европски медиуми.
Според нив, нашиот плејмејкер е пред заминување од Зенит, а кариерата би можел да ја продолжи во тимот на Баерн кој неодамна го назначи Светислав Пешиќ за нов тренер.
Сезонава тој има просек од 12 поени, 5,7 асистенции и 3 скока по натпревар во ВТБ лигата, но очигледно бара нов предизвик во Евролигата по неуспешниот настап во Олимпија Милано.