Повеќе нема дилеми: Откриено од кое јадење се затрул синот на Мицкоски и неговите другари

0
96

Повеќе нема дилеми откако денес стигнаа информациите за тоа што било кобно за труењето на децата.

Имено во примерокот од мусаката што се служела во првата смена во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, утврдено е присуство на грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae.

Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), истиот тип фекални бактерии биле откриени и на три чешми во училиштето.

Од ИЈЗ информираат дека непосредно по денешната прес-конференција, пристигнал нов лабораториски резултат кој ја потврдил контаминацијата во прехранбениот примерок.

Дополнително, материјали и примероци за анализа продолжуваат да пристигнуваат, а бројот на досега земените е значителен, велат од ИЈЗ.

Оттаму не го посочуваат конкретниот вид бактерија која е откриена во храната, од инаку големото наведено семејство бактерии, од кои дел се безопасен дел од цревната флора, а некои можат да предизвикаат тешки труења, како салмонела и шигела.