Според информациите кои ЦУК ги доби од УХМР, денес (23.11.2025) времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а во југоисточните делови можно е појава на ретки грмежи.
На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, на запад периодично засилен од западен правец, а долж Повардарието од северозапад. Максималната температура ќе се движи од 8 до 17°C.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер.Параметри: T=11°C, P=978hPa, U=75%, V=3 m/s.
Најава: Утре се очекува преодно стабилизирање на времето со значително опаѓање на утринската температура. Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд, а пообилни врнежи се очекуваат во четврток.
На повисоките планини ќе има услови за снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а во следните денови северен ветер.
