Босанскиот државјанин Осмах Х. (46) е осомничен за убиство на својата сопруга (53) во хотелска соба во центарот на Антверпен. Убиството се случило во хотелот „Леонардо“.
Според медиумите во Белгија, Осмах излегол од својата соба, бил дезориентиран и им рекол на минувачите: „Викнете полиција, ѝ направив нешто ужасно на жена ми!“.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и влегла во хотелската соба каде што пронашла женско лице во тешка состојба. Лекарите од Итната помош се обиделе да ја реанимираат, но таа починала на лице место.
Обвинителството наредило притвор на Осмах Х. и започнало официјална истрага.
Обдукцијата треба да фрли светлина врз точната причина за смртта.
Адвокатите на осомничениот наведуваат дека двојката планирала да ја помине ноќта заедно во хотелска соба, но неодамна имале брачни проблеми.
Мотивот за убиството и деталите сè уште се непознати.
