Полициски службеници од Полициската канцеларија во Пехчево го лишиле од слобода 50-годишниот И.К. од Пехчево, по пријава за семејно насилство.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен откако на 17 ноември околу 22:00 часот, И.К. физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.
Лицето било приведено на 18 ноември во 01:30 часот во Пехчево, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
