Прво огласување на газдата Деко по трагедијата во „Пулс“ – од неговите зборови ќе се заледите

0
304

Денес продолжи рочиштето за трагедијата во Пулс а за првпат свој збор имаше газдата Дејан Јованов или попознат како „Деко“:

„Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и постојано ја преживувам таа трагична ноќ“, рече сопсвеникот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јовановски, по завршувањето на воведните зборови на неговата адвокатка бранителка.

„До ден денеска не можам да поверувам што се случи. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и постојано ја преживувам таа трагична ноќ“, рече Јовановски.

Тој уверува дека доколку знаел би презел сѐ за да обезбеди сигурни услови за одржување на концертот на групата ДНК.

„Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел нешто за да се отвори навреме. Во тој клуб има пораснато 10 тина генерации. Сите знаат дека се грижам за сите гости на клубот. Од срце и од душа сакам да изразам сочувство на сите фамилии што изгубија некого, а на повредените брзо опоравување, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починато член и повреден член и ја носиме истата болка како и вие што ја носите“, рече Јовановски.