Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, учествуваше на консултативен настан посветен на унапредување на меѓуопштинската соработка, во организација на Министерство за локална самоуправа и УНДП.
На настанот присуствуваа градоначалници, претставници од институции и меѓународни партнери, при што беа отворени прашања за подобрување на соработката меѓу општините, поефикасно користење на ресурсите и креирање поквалитетни услуги за граѓаните.
Преку размена на искуства и добри практики, беше нагласено дека заедничкиот пристап е клучен за надминување на локалните предизвици, особено кај помалите општини, каде здружувањето на капацитетите носи поодржливи резултати.
Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека остануваат посветени на транспарентност, инклузивност и градење партнерства кои имаат директна корист за граѓаните.