Свирежи за Леао, Удинезе го освои „Сан Сиро“

0
27

„Росонерите“ беа практично отпишани од трката за Скудетото по поразот од Наполи, па мораа итно да променат нешто за натпреварот против Удинезе на домашен терен. Макс Алегри ја промени формацијата од 3-5-2 во 4-3-3, со Рафаел Леао во „шпицот“ на нападот, а Самуеле Ричи и Закари Атекаме добија шанса како нови решенија. Овие промени не донесоа резултати, Милан беше поразен со 3-0, а Рафаел Леао имаше вечер за заборав.

Португалецот имаше големи проблеми во новата улога, додека „росонерите“ речиси и да не создадоа вистинска шанса за гол на натпреварот.

Леао упати осум удари кон голот, четири беа блокирани, а четири завршија надвор од рамките. Оваа неефикасност ја отслика лошата ноќ на Милан, додека Удинезе ја оствари својата втора победа на „Сан Сиро“ оваа сезона. Леао доби и жолт картон поради саркастично аплаудирање кон судијата по една одлука.

Додека излегуваше од игра публиката на „Сан Сиро“ го исвирка португалскиот фудбалер, со што беше заокружена лошата вечер за играчот на Милан.

Тренерот Масимилијано Алегри го прегрна и му даде мотивирачки аплауз при излегувањето, обидувајќи се да го поддржи, но силните свирежи од трибините ќе останат запаметени.