Трагична вест пристига за младиот Македонецот кој се бараше по пожарот во Швајцарија

Како што е познато по страшниот пожар во Швајцарија помеѓу исчезнатите лица кои што се бараа е и еден Македонец.

Станува збор за Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, неофицијално дознава “Фокус”.

Неговите блиски родители на социјалните мрежи веќе примаат сочувство.

Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.

На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици лица, а над стотина повредени, од кои многумина сериозно.

Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на напорите на првите одговори, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, пишуваше на профилот на швајцарската Амбасада во Македонија.