Трамп го укина начинот на кој голем број Македонци се иселија во Америка

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, денес ја суспендираше програмата за лотарија за визи за разновидност, позната како Лотарија за зелена карта, преку која осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун и убиството на професорот на МИТ влезе во Соединетите Држави.

Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави на X дека, по налог на Трамп, им наредила на американските служби за државјанство и имиграција да ја суспендираат имплементацијата на таа програма, објави АП.

„На ова подмолно лице никогаш не требало да му биде дозволено да влезе во нашата земја“, рече Ноем, осврнувајќи се на осомничениот, португалскиот државјанин Клаудио Невес Валенте.

Невеш Валенте (48) е осомничен за пукањето на Универзитетот Браун, во кое беа убиени двајца студенти на Универзитетот Браун, а девет лица беа ранети, како и за убиството на професор на Технолошкиот институт во Масачусетс.