Како што е познато, во Македонија беше продолжен викенд, а тоа многу наши сограѓни го искористија да отпатуваат надвор од нашата држава.
Голем број се решија за Грција која пак викендов беше блокирана од голем број протести на земјоделци.
Од АМС информира дека е нормализиран е сообраќајот на Граничниот премин Богородица кон Грција. Поради штрајк на земјоделците, сообраќајот кон Грција на овој граничен премин беше во прекин, но истиот од 21:00 часот е нормализиран. Протестите ќе продолжат и во следните денови.
Но од друга страна ни пристигаат снимки од граничниот премин Дојран каде што е огромна колона, поголема од три километри и се чека со часови за влез во Македонија.
Каква е моменталната ситуација може да погледнете на снимката тука.
