Во тек е голема полициска потера доцна вечерва во Скопје.
Голем грабеж кој сите во градот ги остави во шок и изненадување.
Вистинска драма се одвива вечерва во скопската населба Аеродром, откако двајца разбојници вооружени со огнено оружје упаднале во казино во трговскиот центар „Скопјанка“ и извршиле грабеж.
Според информациите објавени од Слободен печат, напаѓачите по грабежот избегале кон кејот на Вардар, по што полицијата започнала интензивна потера низ улиците во населбата.
Во тек е обид за нивно опкружување, додека целиот реон е под силно полициско присуство.
Целата населба е под полициска опсада.