Во Тетово избегнат Нови Сад 2 – настрешница ќе била кобна за двајца наши сограѓани

0
405

Како што е познато пред нешто повеќе од една година во уривање на настрешницата на железничката станица Нови Сад — несреќа што се случила на 1 ноември 2024 година околу 11:50 часот на железничката станица Нови Сад загинале 15 лица, вклучувајќи едно шестгодишно дете, а 2 лица биле повредени. Меѓу жртвите имаше и еден наш граѓанин.

МВР информираше за настан кој по забелешката „неодоливо“ потсеќа на трагедијата во соседна Србија, а за кој се вели:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(39) од с.Жеровјане, општина Боговиње и против негов правен субјект од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 27.06.2025, К.К. (29) од Тетово застанала под тенда на правниот субјкет, која се откачила поради невреме и паднала врз неа и врз уште едно лице.