Првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов сподели емотивна и притоа тажна вест на својот инстаграм профил каде што напиаш:
„Врвен невропсихијатар. Основач и директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје. Два мандати декан на медицинскиот факултет при УКИМ. Добитник на наградата 13 ноември на Град Скопје (2010).
Член на надзорниот одбор на Алкалоид цели 25 години. Голем човек и пред се другар. Широко небо професоре. Чест ми беше што те познавав“.
Станува збор проф. д-р Илија Џонов. Тој беше невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.
Џонов е роден 24 ноември 1943, во Штип. Беше добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2010 година.
Проф. д-р Џонов беше член на Надзорниот одбор на „Алкалоид“ АД од 1998 до 2023 година.
