Бизнисмен со автомобил излета во река и почна да тоне, луѓето веднаш скокаат по него: Кружи драматична снимка од спасувањето

0
210

Бизнисмен од Падова беше спасен благодарение на брзата реакција на минувачите откако неговиот автомобил излетал во река и почна да тоне со него.

Трагедијата се случи во четврток наутро, кога локалниот бизнисмен Џузепе Салвалахо (85) ја изгуби контролата врз своето возило и падна во реката. Возилото почна брзо да тоне, додека Џузепе беше заробен внатре, во состојба на шок.

Гледајќи ја драматичната сцена, двајца мажи кои беа во близина веднаш скокнаа во водата. Драмата траеше неколку секунди, но на крајот успеаја да го извлечат човекот од автомобилот и да го донесат на брегот.

Неколку моменти подоцна, пристигнаа службите за итни случаи, додека целата операција за спасување беше снимена и заврши на социјалните мрежи. Џузепе беше однесен во болница и неговиот живот не е во опасност.

Медиумите објавија дека еден од двајцата спасувачи бил Албанецот Елтон Зефи (35).

„Не се плашев, само мислев дека мора да се направи брзо“, рече Зефи, а видеото од настанот може да се погледне тука.