Бобан Зафировски, попознат како Боби Амадеус, пред две години аплицираше за шоуто „Никогаш не е доцна“, но мораше да го одложи учеството.
Во тој момент имаше спор на суд и поради тоа, како што вели, немал сила да се појави на сцената во тој момент.
-Кога првпат аплицирав, имав процес на суд што беше поврзан со странски земји. Ме оптоваруваше додека сè не заврши. Требаше да бидам во шоуто пред две години, но го одложив. Сега повторно ја поднесов апликацијата. Тие судења се завршени, сè е во ред и фала му на Бога – рече тој.
Иако се разведе по 15 години брак, сепак верува дека еден ден повторно ќе биде среќен на тоа поле.
