На неколку дена пред отпочнување на судењето за трагедијата во Пулс протекоа во јавноста нови детали.
Во емисијата КОД емитувана вечерва на Телма ТВ се објавени нови детали од обвинението:
Како се запечатени прозорците на Пулс кој немал системи за одвод на чад и топлина, а немал и хидранти и мрежа за противпожарна заштита, ниту пак бил посетен од градежен инспектор цели 13 години.
Во емисијата и интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски, а КОД е по вечерните вести на Телма.
Живееме само за да дојдеме да им оддадеме почит на гробишта, велат во исповед за КОД, родителите на Иван Величков и Моника Спасова кои загинаа на концерт на ДНК во кочанското кабаре Пулс.
Водат борба со системот за да не се повторат трагедии и да не настрадаат и други, нечии деца. Пред почетокот на судењето очекуваат правда иако се скептични кон македонското судство и го повикуваат да се одважи и за Пулс да суди правилно, да ги казни виновниците и да се откријат сите кои направиле пропусти.
Целата сторија може да ја проследите тука.
