Виртуелната министерка Дијела, облечена во традиционална народна носија, за прв пат се обрати во албанскиот парламент.
Нејзиниот ресор ќе биде „следењето на јавните трошоци и борбата против корупцијата“.„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам.
Точно е дека немам државјанство, но немам лични амбиции или интереси“, им рече Дијела на пратениците.
Додека, поставувањето на министер креиран од вештачка интелегенција за премиерот Еди Рама е врвно технолошко достигнување, за пратениците од опозицијата ова е обид на владата да ја прикрие постоечката корупција.