ФОТО: Страотна несреќа ја потресе Македонија

0
50

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на булеварот Словенија во Скопје, при што едно возило заврши превртено на коловозот.

Според првичните информации, возилото од засега непознати причини изгубило контрола и се превртело на страна, при што делумно бил блокиран сообраќајот на оваа делница.

На местото на настанот интервенираат надлежните служби, кои работат на расчистување на теренот и нормализирање на сообраќајот.

Поради несреќата, во овој дел од градот е забележан зголемен метеж и отежнато движење на возилата.

Засега нема официјални информации за повредени лица, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Се апелира до возачите да бидат внимателни и, доколку е можно, да ја избегнуваат оваа делница додека трае интервенцијата.