На популарниотпазар во Комарн, на југот на Словачка, се појавија лажни банкноти, а полицијата спроведе истрага и пронајде мајка и нејзините две возрасни деца.
Она што е особено бизарно е начинот на кој се добиени лажните евра – тие се нарачани преку апликацијата Тему од Кина!
Инцидентот се случил во недела, во непосредна близина на градската полициска станица. 70-годишната продавачка доживеала шок кога, по враќањето дома, открила дека купувачот ја платил нејзината стока со лажни евра.
Властите набрзо ги идентификувале 49-годишната Марија, нејзината 22-годишна ќерка Ержебет и 19-годишниот син Марио, кои нарачале 400 лажни банкноти од 20 и 100 евра преку мобилна апликација.
Банкнотите биле со иста големина како оригиналите, дури и намерно оштетени и „излитени“ за да изгледаат автентични, објавува Новини.
Иако на банкнотите пишуваше „КОПИЈА“, Марија и нејзините деца успеаја да ги користат на пазар, во продавниците и да плаќаат за такси услуги!
Претставникот на Народната банка на Словачка, Петер Мајер, вели дека квалитетот на лажните банкноти бил „најнизок можен“.
Полицијата заплени 16 банкноти, вклучувајќи ги и оние што биле во оптек. Според 49-годишната Марија, останатите ги запалиле.
Претставникот на полицијата објавува дека е започната истрага за употреба на фалсификувани пари, а законот предвидува затворска казна од две до осум години.
